Сите грешат: Ова е најтешкото прашање на возачкиот тест
Погрешниот одговор во сообраќајот може да биде фатален. Повеќето би се согласиле дека ова е најтешкото прашање на возачкиот тест, што секој може да го добие.
Дали знакот СТОП има посилна забрана во однос на превртениот триаголник? - е прашањето поради кое многумина не успеваат да го положат теоретскиот дел од возачкиот испит. Уште поголем проблем е што поради истата дилема на раскрсницата, многумина со возачка дозвола предизвикуваат сериозни несреќи.
Ова прашање во теоретскиот дел од возачкиот тест, долго време предизвикуваше полемики на социјалните мрежи. Од идните возачи се очекува да одговорат правилно, шоферот на кое возило има првенство, и по кој редослед.
Додека некои мислат дека синиот автомобил е последен што ќе оди затоа што знакот СТОП е пред него, а жолтиот мора да го пропушти црвениот - ова не е точно.
„Постои целосно неоснован и многу опасен став кај возачите за односот помеѓу знакот СТОП и превртениот триаголник. Не постои правило дека СТОП има посилна забрана од превртениот триаголник. Тоа е сериозна и опасна заблуда“ - гласеше еден од одговорите на Твитер.
Значи, точниот одговор е следниов: на раскрсницата, првенство има црвениот автомобил, потоа оди синиот, а дури потоа жолтото возило што врти лево.
„Во коментарите гледам 50 сообраќајки“ - напиша еден од твитерџиите.