Сите „лудуваа“ по Шехерзад и нејзиниот сакан Онур: Еве каде се сега и како изгледаат актерите од турската серија „1001 ноќ“
Кога во 2010 година на нашата телевизија првпат се прикажуваше серијата „1001 ноќ“, сите се заљубија во Шехерезад, која ја игра убавата актерка Бергузар Корел (41).
Љубовната приказна на Онур и Шехерзад ја следеа стотици илјади гледачи, а актерката денес е непрепознатлива.
Од 2009 година Бергузар е во брак со Халит Ергенч (53), токму актерот кој го глумеше Онур. Бергузар и Халит се заљубиле на снимањето на популарната серија. Тие се венчаа во 2009 година, а денес имаат три деца; синовите Али и Хан и ќерката Лејла.
Кога се појавила првата искра помеѓу актеркската двојка, и двајцата веќе беа во врска. Бергузар потоа го напуштила својот вереник, балетанот Тан Сагтурк, а Халит ја оставил бремената сопруга Гизем Сојсалди. Кога актерот побарал развод, Гизем абортирала, а тој морал да и плати 250.000 турски лири (тогаш биле околу 115.000 евра).
Бергузар моментално глуми во новата крими серија „Дилема“. Се работи за криминална серија, а таа ја има главната улога.
Поради серијата „Сулејман Величествениот“, Халит Ергенч се уште важи за еден од најпознатите турски актери, а моментално има улога и во трилер серијата „Како да нема утре“.
Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs