СИТЕ ПАРИ НА СВЕТОТ НЕ ТИ ВРЕДАТ, КОГА СИ САМ И НАПУШТЕН ОД СИТЕ: Бил Гејтс тагува ...
Милијардерот и филантроп, Бил Гејтс прозборе за приватните детали од бракот и разводот со неговата поранешна сопруга Мелинда.
„Секој брак, како што децата ќе си заминат од дома, ќе помине низ транзиција. Мојот за жал помина низ оваа транзиција наречена развод. Но, од моја гледна точка, тоа беше одличен брак. Јас не би го менувал за ништо на светот. Не би се одлучил да се оженам за некоја друг“, изјави Гејтс во интервју за Сандеј Тајмс.
Тврди дека најтешко му било кога децата излегле од дома. И најмладата ќерка отишла на факултет и сега нивната вила во Сиетл со 18 бањи е празна.
„Ја имам оваа прекрасна куќа која е погодна за големи дискусии. Но, најчесто изгледа преголема. Јас сум само мала личност“, рекол Гејтс.
„Ми недостигаат нередот и вревата. Не се занимавам премногу со домашните работи, но во нормални денови секогаш ги перев садовите бидејќи бев добар во тоа, а некои од децата ќе ми помогнеа“, додаде тој.
Тој раскажа и каков однос имал со Мелинда по разводот. Бил вели дека е среќен што сè уште може да работи со неа и што понекогаш се гледаат.
„Имаме супер важна, сложена, блиска врска во која решивме да работиме заедно. И многу сум среќен што почнавме да работиме заедно. Заедно ја изградивме Фондацијата. И имаме три неверојатни деца“, рече тој.
„Тагувам исто колку и таа. Да, знаете, растевме заедно. Кога се оженив, Мајкрософт беше голема работа. Но, јас бев млад 38-годишен, а таа беше зрела 28-годишна девојка... Тоа е повеќе од половина од мојот возрасен живот. Направивме многу заедно“, додаде тој.
Бил признава дека лесно се договорил со Мелинда за распределба на имотот и парите.
"Таа го доби кучето. Ме уби со него. Се шегувам. Светот треба да знае колку ме малтретираа. Не, се шегувам. Не бевме лоши еден кон друг", рекол тој.
Да потсетиме, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај минатата година. Во брак беа 27 години. Тие се запознале во доцните 1980-ти, кога Мелинда му се придружила на Мајкрософт, а се венчале во 1994 година.
Мелинда неодамна откри зошто се разведе од Гејтс: Не ми се допаѓаше неговата поврзаност со Џефри Епстајн
Мелинда Гејтс првпат отворено зборуваше за разводот по 27 години поминати во брак со Бил Гејтс...
Мелинда Гејтс, позната како голем филантроп, во интервјуто за CBS зборуваше за разводот од Бил Гејтс.
Како причина за крајот на нивниот брак таа не наведе една работа, туку повеќе нешта кои довеле до оваа одлука.
„Не беше тоа еден момент или една конкретна работа. Едноставно дојде моментот во кој сфатив дека таа заедница не е здраво опкружување, и дека не можам да верувам во што се претвори бракот“.
Меѓутоа, Мелинда сепак призна дека поврзаноста на нејзиниот сопруг со Џефри Епстајн била една од главните пречки во нивниот брак.
„Не ми се допаѓаше што имаше состаноци со Џефри Епстајн. Тоа јасно му го ставив до знаење... Епстајн беше одвратен. Беше олицетворение на злото. Имав кошмари за тоа подоцна“.
Џефри Епстајн изврши самоубиство во 2019 година додека го чекаше судењето по обвиненијата за сексуална трговија на малолетни девојчиња.
Подоцна во интервјуто, Мелинда кажа дека се труди да одржи „продуктивен работен однос“ со својот поранешен сопружник. Тие двајца имаат три деца и остануваат на чело на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите добротворни фондации на светот.
„Би кажала дека во овој момент сме пријателски расположение“ - кажа, а потоа додаде: „Пријатели за мене е друг збор, и тоа би можело да дојде со текот на времето, но за мене уште постои можност за исцелувањето кое треба да се случи. Секако му посакувам добро“.
Овие денови, Мелинда е фокусирана на промовирање иницијативи кои ги зајакнуваат жените и семејствата, а не ја исклучува ни можноста за повторно да пронајде љубов.
„Според тоа идам со мали чекори. Се чувствувам како да сум навистина на добро место и навистина, навистина сум возбудена поради својот живот и работата која е пред нас“ - изјави Мелинда, а пренесува Haffpost.