Сите сме под стрес од коронавирусот: Како да го намалиме?
Последните недели се сведоштво за целиот свет, дека животот на сите нас може да ни се промени за неколку минути.
Коронавирус - пандемија која се обидува да нè преземе физички, но и емотивно. Се чини дека преовладува стравот дека може да се заразиме од вирусот. Веројатно секој од вас има некој близок, кој е длабоко вознемирен од настаните. Како да се намали стравот од коронавирусот?
Дајте си одмор од социјалните мрежи
Нема шанси да не забележите дека темата за коронавирусот е во фокусот на социјалните мрежи. Таму се среќаваме со луѓе со различни ставови, однесувања. Во оваа ситуација, ќе препознаете два главни вида. Некои од нив се вистински загрижени за нивното здравје и за нивните најблиски и повикуваат на одговорност.
Вториот вид се оние корисници кои се насочени кон создавање повеќе паника затоа што се во состојба на паника. Затоа, ако имате можност, дајте си кратка пауза од сите типови социјални мрежи. Да не заборавиме и дека има голем број лажни вести за коронавирусот.
Обидете се да ги ограничите вестите за кронавирусот
Темата за COVID-19 е лидер во сите новинарски програми, веб-страници, весници. Сосема е нормално да развиете вознемиреност ако најголем дел од вашето внимание е насочено кон следење на секоја вест и објавување на темата. Затоа, привремено ограничете ги овие канали на информации или барем намалете ги на минимум.
И на крај, важно е да водите сметка за сигурни извори на информации, официјални извори кои ви даваат сè што треба да знаете за контролата и превенцијата на коронавирусот.
Имајте занимација
Пандемијата со коронавирус ќе предизвика да размислиме за повеќе работи поврзани со нашите животи. Сега е време да размислите повеќе за себе. За сите книги што сакате да ги прочитате, но сте немале време за тоа. За филмовите што ви беа препорачани да ги гледате, за забавни игри што ги игравте во детството. Сега можете да научите да медитирате, што е добар начин за намалување на анксиозноста и стресот. Може да научите да готвите.
Спортувајте
Ова е најдобриот начин за одржување на добра фигура, имунитет, дури и кога сте дома. На Интернет можете да видите многу предлози за јога, како да го преместите горниот, долниот дел од телото. Последно, но не и најмалку важно, можете да нарачате онлајн аксесоари за вежбање, еластични ленти, доколку немате, за да ги направите вежбите поефективни.