Скандал: Јувентус казнет со одземање на 15 бода, на табелата падна на 10 место

Јувентус повторно во проблеми, федералниот суд му одзеде 15 бода во Серија А, откако го прифати барањето на Италијанската фудбалска федерација за повторно отворање на случајот со клубот од Торино кој е обвинет за фалсификување приходи.

Во истрагата со име „Призма“, поради тајни исплати на играчи во клубот во време на пандемијата на коронавирус биле прекршени правила поради кои „старата дама“ е санкционирана со одземање на бодови.

Обвинителот Џузепе Кина минус девет бода, но судот беше построг и „скина“ 15 бода од контото на Јувентус, на што се придодадена и суспензијата на Андреа Ањели, Фабио Паратичи и Федерико Керубини.

Паратичи е суспендиран на две и пол години, Андреа Ањели и Маурицио Аривабене по две години. Забрана за вршење каква било функција во фудбалот доби и поранешниот играч и потпретседател на клубот Павел Недвед.

Јувентус има право на жалба, и најави дека тоа ќе го направи под итна постапка, незадоволен од одлуката на Судот, а на табелата сега е на 10 место.