Скандалот продолжува: Закани и навреди кон ќерките на Јелена Карлеуша
Ќерките на Јелена Карлеуша се малолетнички кои во никој случај не се вклучени во скандалот од кој страдаат. Тие станаа жртви на сајбер напади на социјалните мрежи поради ужасните пораки кои се потресни.
Под претходно објавени фотографии на Атина и Ника, луѓето сега пишуваат ужасни коментари и закани кон малолетните деца на Јелена, нарекувајќи ги погрдни имиња. Суровата содржина на пораките содржи бројни пцовки поврзани со Ј.К., но и невините ќерки кои во никој случај не се дел од музичкото натпреварување.
Никој не е поштеден од овие скандалозни коментари, кои се вознемирувачки и за возрасните, а камоли за децата во развој.
Да потсетиме, Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“, со одлука на продукцијата, на барање на Карлеуша, откако сподели навреди кон Јелена. По најавите на Вања на социјалните мрежи и изјавите за медиумите, Карлеуша најави дека ќе поднесе кривична пријава против Кнежевиќ, бидејќи се чувствува загрозена.
Јавноста вреваше на оваа тема со денови, изразувајќи различни мислења, коментирајќи, дури и навредувајќи ги обете страни, Јелена и Вања, а сега малолетните деца на Карлеуша се жртви на сајбер насилство на социјалните мрежи.
Фото: Инстгарам/karleushastar