Скопјани и туристите мора да трпат: Во главниот град има три јавни тоалети - нефункционални и руинирани
Во држава како Македонија, каде што јавните тоалети се реткост, основната човекова потреба — да се има пристоен и достапен санитарен простор — станува вистински луксуз. Додека светот одамна влезе во ерата на „паметните јавни тоалети“ со автоматско самочистење, сензори за хигиена, еколошки системи и пристапност за сите категории граѓани, кај нас уште се водат расправи за тоа дали и каде воопшто постојат функционални тоалети во јавниот простор.
Недостигот на јавни тоалети во македонските градови, особено во Скопје, не е само прашање на урбан естетски ред, туку огледало на институционалниот однос кон основните јавни услуги и достоинството на граѓанинот.
Додека Токио, Лондон или Копенхаген градат паметни тоалети кои се дезинфицираат сами, го мерат бројот на посетители и се вклучуваат со гласовна команда, во Македонија граѓаните се приморани да „стискаат до дома“ или да бараат услуга во приватни објекти. Тоа отвора поширока дискусија – дали современиот урбан живот може да се нарече модерен, ако недостасуваат најосновните предуслови за хигиена, достоинство и пристапност?
Текстот продолжува на ЖЕНСКИ МАГАЗИН