Следете го ова едноставно правило и чувајте го вашето срце здраво
Шпански лекари и научници докажале дека редовните утрински оброци значително го намалуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.
Студиите и медицински истражувања за рано откривање на атеросклероза (PESA) се спроведени од страна на Центарот за кардиоваскуларни заболувања Карлос III (CNIC).
Извештајот на научниците вели дека луѓето чиј појадок содржи помалку од 5% од препорачаното дневно внесување на калории, просечно имаат двапати поголеми шанси да добијат атеросклеротични лезии.
Калоричниот појадок и редовните оброци, го намалуваат ризикот од појавата и развојот на кардиоваскуларни заболувања.
Научниците исто така забележуваат дека ризикот од развој на болести веќе не зависи од класичните фактори како пушење, висок холестерол и недостаток на физичка активност.