Смртната казна во Америка се враќа на голема врата: Извршено 12то рекордно погубување на повеќекратен убиец

Дејвид Питман (63) од Флорида, кој беше осуден за убиство на сестрата и родителите на својата сопруга со која бил во разводна постапка, како и за палење на нивната куќа, е погубен изминатата ноќ. 

Ова претставува рекордно 12-то погубување во оваа американска сојузна држава годинава.

Питман беше погубен со смртоносна инјекција во затворот во државата Флорида, во близина на градот Старк, врз основа на смртната пресуда која ја потпиша гувернерот Рон ДеСантис.

Републиканскиот гувернер на Флорида годинава потпиша повеќе смртни пресуди отколку кој било негов претходник.

Питман беше осуден на смрт во 1991 година по три точки на обвинение за убиство од прв степен, според судските записи, а беше прогласен за виновен и за подметнување пожар и тешка кражба.

Извор / Foto: Florida Department of Corrections