Живот // Живот
Со брадеста жена постигнав максимум, сега сакам да ја убијам: Човекот кој стои зад Кончита Вурст
Ја паметите Кончита Вурст како победничка на Евровизија 2014, но сега нема да ја препознаете. Тоа е жената која всушност е маж и како дама се претставуваше насекаде, ама реши да се врати на старите корени...
Изгледа непрепознатливо. Ја нема долгата коса, брадата е иста, само подолга и „фура„ машки имиџ. Се уште е голема ѕвезда во Австрија.
Во спотот за нејзиниот нов сингл, Хит ми, Вурст има комплетно нов изглед, со шокантна бела коса и брада. Том Новирт, човекот кој стои зад Кончита, претходно изјави дека сака да создаде нова личност и дека „со брадестата дама, постигнав се што сакав од победата на Евровизија, не ми треба повеќе, сакам да ја убијам. Нов изглед, нова Кончита, старата нека си оди“