Со добри бактерии до здрав метаболизам и јак имунитет
Секој од нас посакува да има континуирано добро здравје и витко тело. Иако овој идеал е тешко да се оствари и одржи сепак клучот е во постигнување на здрав метаболизам и природен баланс на вашиот организам. Прв чекор во оваа насока е здрав животен стил кој подразбира редовна физичка активност како и внесување на доволна количина на растителни влакна, пробиотици, витамини и минерали.
Пробиотиците се повеќе од здравствен тренд, тие се добри бактерии кои му се потребни,на нашиот организам секојдневно, за целокупното здравје и благосостојба.Пробиотиците во нашиот организам се клучни за изградба на здрава микрофлора. Здравата микрофлора не само што овозможува добар метаболизам и соодветно искористување на хранливите материи туку и спречува колонизирање на патогени бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Бројни фактори ја нарушуваат здравата микрофлора кај човекот почнувајќи од несоодветна исхрана, стрес, патувања, антибиотици, бактерии и вируси при што како последица се појавуваат стомачни тегоби од тип на: надуеност, гасови, дијареа, опстипација, повраќање, стомачна болка итн. Пробиотиците не само што помагаат да се намалат овие тегоби туку и имаат имуностимулаторен ефект преку засилување на производството имоноглобулин А и Т лимфоцитите и на тој начин ја зголемуваат отпорноста на организмот на инфекции или го скратуваат времетраењето на истите. Благодарение на овие својства одредени типови на пробиотици се корисни и кај алергиски манифестации како астма, егзема итн.
Со цел да се потенцира позитивното дејство на пробиотиците во однос на стабилизирањето на метаболизмот, подобрување на варењето и засилување на имунитетот, пробиотиците се комбинираат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк. На овој начин се користи синергистичкиот ефект на пробиотиците и специфичните витамини и минерали и се скратува времетраењето на бројни цревни и респираторни инфекции.
Д-р.спец. Валентина Џартовска, инфектолог
* ПР- објава