Забава // Музика и филм
Со песна ги отворија границите: Александар, Дац и тенорот Благој Нацоски ги споија Македонија и Италија
Додека трае изолацијата и социјалното дистанцирање многу музички имиња споделуваат видеа во кои музицираат - некои соло, некои во дует, а има и такви кои се одлучија за трио. Епа еден таков пример се и Александар Митервски, Драган Спасов - Дац и најпознатиот македонски тенор Благој Нацоски.
Овие тројца мажи ја отпеаа „Уште ми фалиш“, песна со која Александар и Дац го освоија второто место на „Макфест 2019“. Овој пат, оваа песна доживеа мали измени, односно еден дел беше отпеан на италијански јазик.
Како звучи ова музичко парче во изведба на Алексадар, Дац и Благој слушнете во продолжение: