Со шлем на глава, дивата Јелена Карлеуша го урна Белград

Какво финале на „Фестивалот на музичката недела“ вечерва во Белград! На последната вечер на одлична музичка манифестација, пред публиката се појави пејачката Јелена Карлеуша, која направи спекталк за паметење.

Цели осум години, публиката трпеливо чекаше ЈК да пее на Ушќе и да им приреди одлична забава на верните обожаватели. За потребите на настапот на Јелена, се смени целосниот дизајн на сцената, а пејачката, како вистинска дива, промени три провокативни и импресивни стајлинзи.

Карлеуша се појави на сцената од светска класа во боди во кожа, со ланци на колковите. Русата коса на Јелена стана розова, а коњските опашки до коленото ја воодушевија публиката.

View this post on Instagram

A post shared by @karleusa_.star_.blog_


Јелена ги испеа своите главни хитови на глас со публиката, а во вториот блок се смени во црно тесен латекс боди, кој малку покриваше.

Во еден момент, на Јелена и се придружи на сцената пејачката Сара Јовановиќ.

За големото финале, Карлеуша излезе на сцена во златна комбинација на облека, па дури имаше и шлем на главата.


Со овој настап Дивата ја оправда довербата на публиката која со години го чекаше овој ден.

Фото: ATA images