Со што се занимаваат и како изгледаат денес: Наследниците на Бред Пит и Анџелина Џоли пораснаа

Брет Пит конечно доби заедничко старателство над неговите шест деца со Анџелина Џоли...

Актерите Бред Пит и Анџелина Џоли важеа за една од најубавите и најхармоничните двојки, но тие се разведоа по 11 години врска и две години брак, и заедно имаат шест деца.

Имено, тие двајца имаат три посвоени и три биолошки деца, кои од раѓањето се под будното око на јавноста, а сега пораснаа.

Папараците ги следеа и се уште ги следат каде и да се појават, а сите медиуми едвај чекаат да ги слушнат сите детали за децата на најпознатиот пар. Децата од семејството Џоли - Пит пораснаа брзо, а еве каде се денес и што прават.

Најстариот син на Медокс Џоли Пит има 19 години и неодамна се пресели во Јужна Кореја за да студира таму, но поради целата ситуација со пандемијата на коронавирусот во светот, тој се врати во Лос Анџелес и живее со својата мајка и другите браќа и сестри.

Во моментот студиите ги следи „онлајн“ до новото известување, а познато е дека нема добар однос со неговиот татко и дека Бред и Анџелина наводно раскинале по физичката пресметка помеѓу Медокс и Бред.

Пакс Џоли Пит е најповлечен од сите деца и ретко се појавува во јавноста. Тој оди се школува дома и се појавува на јавни настани само кога премиерно се прикажуваат новите филмови на неговата мајка Анџелина.

Захара Џоли Пит има 16 години, а Анџелина ја посвои кога имала само шест месеци.

„Научив толку многу од неа. Таа е моето семејство, но и вистинска Африканка“ - рекла Анџелина во неодамнешното интервју.

Шило Џоли Пит е првото заедничко биолошко дете на некогашната најпопуларна љубовна двојка и има 15 години, а денес вели дека всушност е момче и дека сите треба да и се обраќаат како Џон. Најдобро се согласува со сестра си Захара, бидејќи тие се на слична возраст.

Вивиен Џоли Пит е миленичка на мама и често е фотографирана како оди на шопинг со Анџелина од која не се одделува. Тие две постојано се бакнуваат и се гушкаат во јавност, а 12 - годишното девојче веќе се испроба како актерка. Таа ја има близначката Нокс Џоли Пит, која најмногу личи на нејзиниот татко и со кој е многу блиска.

Бред Пит често ги посетува децата во вилата на Анџелина и се чини дека во последно време односите во семејството се подобриле.