Собиравме ѓубре со стапови: Принцовите Вилијам и Хари за строгиот татко
Секогаш постојат по малку чудни детали за британското кралско семејство.
А се знае дека принцот Чарлс бил многу строг татко, за што сведочи и документарец за кралското семејство што неодамна беше прикажан на Би-Би-Си.
Животот во кралското семејство, покрај бројните предности, носи и строги правила што мора да ги следат сите членови. Не е секогаш лесно, особено кога сè уште не сте свесни за одговорноста на титулата со која сте родени.
Принцовите Вилијам и Хари немале детство како нивните врсници, но израснале под лупа на јавноста, која внимателно го следела секој нивен чекор. За разлика од другите деца, тие мораа да извршуваат должности со кои нивните врсници не се оптеретуваа.
Британските престолонаследници неодамна зборуваа за своето детство, по повод 70-от роденден на принцот Чарлс, кога открија дека тој знае да биде многу строг. Тие истакнаа дека наместо да се дружат со пријателите од училиште, мора да соберат ѓубре, кое потоа го сфатија како голема казна и поради тоа беа лути на својот татко, објави „Венити фер“.
Би-Би-Си неодамна го сними документарниот филм „Принц, син и наследник: Чарлс во 70-тите години“. во кој 38-годишниот Вилијам и принцот Хари, три години помлад, ја раскажаа целата приказна за еден настан што потоа го доживеале како траума.
Имено, веднаш по завршувањето на учебната година, принцот Чарлс имал работна задача за своите синови - собирање ѓубре. Додека другите деца посакуваа крај на училиште за да уживаат во играта и дружењето, принцовите мораа да се грижат за околината.
„Одевме со стапови и собиравме ѓубре во пластични кеси“, рече принцот Вилијам во документарниот филм.
Лекцијата што им ја одржа татко им кога беа деца силно влијаеше врз принцовите. Хари, како што и самиот призна во споменатиот документарец, понекогаш пропушташе часови затоа што сакаше да даде свој придонес за зачувување на природата.
Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, се залага за истите вредности, а нејзиниот син Арчи го учи тоа.