Сопругот на Каролина Гочева за својот роденден подарува слика со портрет
Уште една позната личност слави роденден во изолација. Станува збор за избраникот на една од најпопуларните пејачки Каролина Гочева, уметникот Михаил Корубин.
Тој е уметник кој сака да инспирира, да пренесе магија на публиката со своите дела. Со неговата сопруга заедно создаваат уметнички свет од кој се раѓа љубов, а овој пат реши наместо да добива подароци, тој да подари еден дел од неговиот уметнички свет.
„Денес ми е роденден. Сакам да го подарам овој потпишан принт (limited edition од 100). Прикачете ја омилената уметничка слика од мене на вашиот профил со хаштагот #mihailkorubin. (Исто така оставете коментар од омилената слика на овој пост) Ќе изберам еден од вас за една недела, а принтот ќе ви го испратам каде и да сте по светов. Сликите можете да ги преземате од мојов профил, мојот сајт (link in bio) или од било каде на web. Димензиите се 90 х 75cm. Имајте убав ден и чувајте се.“ - напиша познатиот уметник во своето обраќање на Инстаграм.