"Состојбата на Панчо е влошена"- сподели Ребека: Еве според нејзините сознанија до кој степен е

Здравствената состојба на Владимир Блажев – Панчо е влошена, тој е на апарати и е на лекување во приватната болница Систина, за ова информирше македонскаита пејачка Ребека преку фејсбук статус.
„Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 гоедини. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.Панчо мил, Те молам не се предавај!!! Владимир е во Систина, префрлен е вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е“ – напиша Ребека.
Инаку по несреќата со пожарот во Кочани, Панчо бил префрлен на лекување во Скопје, а вчера од државната клиника беше префрлен во Сиситина.
Во пожарот во Кочани кој избувна во дикотеката „Пулс“ каде ДНК имаа концерт животот го загубија 59 луѓе, помеѓу кои поголем број млади луѓе, но и 7 членови од бендот и тимот на ДНК.