Совршена колекција аксесоари за вистински џентлмени
Ако оваа година сакате да ја подобрите вашата игра во светот на аксесоари, задолжително обрнете внимание на „Azuro Republic“, бренд кој планира да го редефинира вкусот на вистинските џентлмени со своите интересни нараквици...
Називот на овој бренд, „Azuro“, всушност е формиран на основа од првата буква на секој творец, додека „Republic“ одбележува взаемно почитување и разбирање. Со над 30 годишни искуство, експертите и специјалистите на овој бренд го поминале цел свет во потрага по уникатни и вредни материјали, кои можат да ги претворат во драгоцени бисери со огромна вредност и историја.
Нивните примамливи аксесоари се изработени од специфични природни материјали од различни места од светот, кои ги обликуваат во мали совршени топчиња, во комбинација со драгоцени материјали како што се златото и среброто.
Дизајнирани за мажи кои сакаат да се издвојат од другите, нивните аксесоари се достапни во бројни комбинации и три колекции, кои секако знаат како да одговорат на вашите лични потреби.
Цените на секое парче од нивната линија се движат од 119 долари за основнните и обичните нараквици, додека оние интересните или пак прилагодливите достигнуваат астроносмки цифри.