Специјалната A STAR IS BORN награда на AUTOBEST му припадна на Citroen за концептот за урбана мобилност
Новиот Citroen C4, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Skoda Octavia и Toyota Yaris – финалистите за титулатаAUTOBEST 2021зедоа учество на Финалниот тест во Австрија. Тие ќе се натпреваруваат за титулата Best Buy Car of Europe in 2021. Жирито составено од 31 член од 31 држава следните седмици ќе го исполни гласањето и ќе се добие победникот во средината на декември. Следејќи ја долгата традиција започната од AUTOBEST пред две децении, оваа година испитниот центар на OAMTC во Теесдорф беше бината на која се одржа тестирањето на 18 возила испорачани од сите страни на Европа. Citroen e-C4 и Seat Leon plug-in hybrid се сметаат како две Светски премиери бидејќичленовите на AUTOBEST жирито беа први што ги возеле овие два автомобили. Претходниот ден се одржа тестирање на финалистите низ патната мрежа на сликовитата Долна Австрија.
“Земајќи ги во предвид условите на пандемија, успешното организирање на AUTOBEST Final Test е вистинско чудо! Тоа беше единствениот автомобилски настан во овие тешки времиња.Сакам лично да им се заблагодарам на членовите на жирито кои учествуваа на завршниот тест и на финалистите кои вложија напори да бидат многу добро претставени. Имавме одлична соработка со OEAMTC Fahrtechnik organization. На крај организациониот тим заслужува аплаузи, започнувајќи од др.Gerhard Kuntschik, потпретседател на жирито AUTOBEST. Во рамките на AUTOBEST знаеме што значи “невозможна мисија”. Ова издание на завршните тестови уште еднаш покажаа се општо прифатени од потрошувачите, производителите и новинарите низ цела Европа.”Изјави Дан Вардие, оснивач и претседател на организацијата AUTOBEST.
Жирито го одржа состанокот виртуелно каде се дефинираа едниот дел од специјалните признанија.
A Star is Born признанието е доделено на Citroën Ami. Нашиот единствен критериум препознава револуционерни солуции на мобилност. Овој двосед е дизјниран со урбана замисла на користење. Достапен е на купувачите поради прифатливата цена и можноста на изнајмување вклучувајќи не традиционални начини на продажба. Иновативната употреба на телефонот кој заменува многу функции е привлечна идеја за младите, особено оние заинтересирани за напредна технологија и екологија. Citroën Ami може да биде солуција за иднивидуален транспорт во урбаните средини, заедно со решенијата за брзо полнење и не треба многу простор за паркинг.
Skoda Auto е добитник на наградата COMPANYBEST 2020. Растот на Skoda во регистрациите на нови автомобили во последниве години беше исто толку импресивен, како и добивката во уделите на пазарот на многу пазари. Технички иновации, атрактивен дизајн, клиент-ориентирано проширување на опсегот на модели, дигитализација на производството „dProduction“, производство на автомобили BEV и ICE на иста линија и континуираниот принцип на „едноставно умни“ идеи ја оправдуваат Skoda да биде наградена со престижнaтa COMPANYBEST награда.
Добитник на наградата ДИЗАЈНБЕСТ 2020 е Френк Стивенсон. Нашата ”Kуќа на славнитедизајнериֲ” ги препознава вистинските легенди меѓу дизајнерите на автомобили, а новиот конкурент е совршен за ова. Тој имаше улога во многу иконски автомобили кои го зголемуваат срцевиот ритам кај сите нас вклучувајќи ги Ford Escort RS Cosworth, BMW X5, Maserati MC12, Ferrari FXX, McLaren MP4-12C, но и MINI Cooper и Fiat 500. Сите овие, и многу други, го носат името на Франк. Тој бара животни за инспирација и користи класични методи на дизајнирање од скици преку компјутерска графика до модели од глина. Во 2018 година тој основаше Консалтинг за дизајн на Френк Стивенсон каде што продолжува да работи на различни проекти, вклучително и оние надвор од автомобилската сфера.
Наградата SMARTBEST 2020 му припаѓа на Jaguar Land Rover за неговиот инфо-забавен систем Pivi Pro, кој се шири низ целиот опсег на модели. Првично имплементиран во астронаутиката и авијацијата, Jaguar Land Rover е првиот производител на автомобили во светот што спроведува поставување со двоен сим, давајќи бројни предности пред светските лидери како Тесла, вклучително и подобра заштита од сајбер нападите. Да не ја спомнуваме едноставноста во работењето, бидејќи возачот може да се фокусира само на возењето - пристап до 90 проценти од најчесто користените функции од дисплејот со максимум два кликнувања. Понатаму, хардверот е меѓу најнапредните и најмоќните што може да се карактеризираат со автомобил, давајќи им на корисниците искуство што сега се очекува во нивните многу поврзани животи.
Оваа година наградата SAFETYBEST 2020 ја добива Toyota за нејзиниот развој и поставување на централното воздушно перниче во новиот Yaris кој е прв во европскиот Б сегмент со вакво остварување.. Вклучувањето на ова витално парче опрема за безбедност во еден од нејзините најмали автомобили продолжува со демократизацијата на таквата технологија и исто така играше клучна улога во постигнувањето на високи резултати на најновиот тест на Euro NCAP. AUTOBEST ја имплементираше оваа награда пред две децении, меѓу првите независни моторни медиуми, оценувајќи ја клучната важност на безбедноста за потрошувачите. Тојота брилијантно ги исполнува нашите критериуми да и се довери победата за оваа година.
Торгер Кристијан „Тото“ Волф - добитник на наградата SPORTBEST 2020
Го презеде водството на мото-спортот на Мерцедес-Бенц во 2013 година и формираше тим кој остана без пораз во шампионатот во следните години. Под водство на Волф, Мерцедес АМГ уживаше во серија шампионски победи невидени во Формула 1. Од сега, поранешниот тркач и бизнисмен роден во Виена го водеше тимот на Мерцедес АМГ Петронас Ф1 до седум шампионски конструкторски титули во ФИА, а неговите возачи Луис Хамилтон (6) и Нико Розберг (1) имаат седум шампионски титули во категорија на возачи. Волф со тоа стана најуспешниот директор на тимот во Формула 1 на сите времиња.
Другите награди на AUTOBEST жирито како MANBEST, ECOBEST и TECHNOBEST, ќе бидат изгласани и соопштени на подоцнежен датум. Како светска премиера, жирито ќе започне и целосно нова награда со име `Иднината е тука` Оваа сосема нова награда е посветена на концепт автомобил кој брилијантно ја предвидува иднината на автомобилизмот од кој било можен аспект. Ова е вистински предизвик и комплексно е да се одлучи, но предизвикот е во согласност со искуството и проценката на членовите на жирито.
Жирито AUTOBEST е составено од автомобилски новинари кои претставуваат 31 европска земја, што го прави најголемото независно жири во светот според бројот на застапени земји. AUTOBEST жирито посветува големо внимание на напорите што ги прави автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за работа во автомобилската индустрија за луѓето, фондовите за зелени автомобили и технологии, поддршката за различни региони во Европа се внимателно проверени и ценети од жирито. Новите технологии и поврзаноста во автомобилот се исто така под лупа на жирито. Вкупно, ние им посветуваме осум награди на овие достигнувања во следните категории MANBEST, COMPANYBEST, ECOBEST, DESIGNBEST, TECHNOBEST, SAFETYBEST, SMARTBESTиSPORTBEST.
Церемонијата на доделувањето на 20-тите награди ќе се одржи следната година на датум и локација што треба да се потврдат во очекување на различните санитарни услови во различни земји во Европа. Годинешното издание на Гала наградите AUTOBESTбеше во Мајнц, Германија, на 13-ти февруари, обединувајќи рекорден број врвни директори од различни компании и организации.
Галата на AUTOBEST наградите еволуираше во текот на последните 20 години, од истакната вечера на локација со пет вездички, до европска гала со уметничка содржина од светски ранг, гурманско мени и уникатно Гранд финале за AUTOBEST наградата. Повеќе информации на www.autobest.org.