Спорт // Спорт
Спектакуларно враќање на Ѓоковиќ, отиде во тоалет по 0-2, па стигна до 3-2 против Синер и полуфинале
Србинот Новак Ѓоковиќ обезбеди полуфинале на Вимблдон откако надомести негатива со 2-0, стигна до пресврт и три сета во низа конечни 3-2 против Јаник Синер од Италија.
Мечот се играше 3 часа и 39 минути, а Ѓоковиќ победи со 5:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:2.
„Синер иако е млад, тој е одличен играч, зрел за негови години( има само 20), денес едноставно немаше среќа. Јас имав тајм-аут за да одам до тоалет, разговарав само со себе пред огледалото и се врати, победи, не знам дали тоа имаше влијание, но ете победи, среќен сум за пласманот во полуфиналето“ - изјави Ѓоковиќ по мечот.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот меѓу Гофан и Нори кој е во тек...