Спиел со 3.000 жени, а единствено дваесет години помладата не ја изневерил: Синот се срамел од него

Славниот шпански пејач Хулио Иглесијас денес го слави својот 82. роденден. Но, иако неговата музичка кариера трае со децении, во јавноста подеднакво се пишуваше и за неговиот богат љубовен живот.
За него дури се зборува дека во текот на животот бил со дури 3.000 жени.
„Кога дојдов во Лондон, мојот менаџер ми кажа дека во весниците пишува дека сум бил со 3.000 жени. Му одговорив да не им кажува дека тоа не е вистина“, се нашалил Хулио во едно интервју за британскиот Express.
Хулио Иглесијас важеше за голем заводник
„Не бројам. Многу ги почитувам жените. Учам од жените, ги обожавам жените. Се разбира дека сакам да флертувам, отсекогаш сум сакал. Како и во сè, постои фантазија, а реалноста е таа дека сум татко на осум деца. Но, не можам да одам од куќа до куќа и да објаснувам дека не е вистина тоа што пишува во весниците, па затоа оваа фантазија останува“, изјавил пејачот.
Зад себе имал само два брака
Хулио Иглесијас првпат се оженил во 1971 година со филипинската водителка Изабел Прислер, со која добил три деца – Чабели, Хулио помладиот и Енрике, денес еден од најголемите музички ѕвезди во светот.
Нивниот брак траел осум години, а се развеле во 1979 година, за веќе следната година да добијат и црковно поништување на бракот.
Единствената жена на која ѝ бил верен
Потоа, Хулио започнал врска со 22 години помладата холандска манекенка Миранда Рајнсбургер, со која поминал две децении пред да се венчаат во 2010 година. Интересно е што Иглесијас признал дека единствено ѝ бил верен на Миранда, а дека сите жени пред неа ги изневерувал.
Со Миранда добил уште пет деца: синовите Мигел, Родриго и Гиљермо и близначките ќерки Кристина и Викторија.
Скандалот за кој долго се зборуваше
Вториот брак на Иглесијас беше сериозно разнишан откако се дозна за неговото неверство, иако тоа се случило во време кога не бил со својата втора сопруга.
Судот во Валенсија во 2019 година пресуди дека тој е татко на Хавиер Санчез, син на поранешната танчерка Марија Едита Сантос. Санчез уште од 1992 година се обидуваше да го докаже татковството, тврдејќи дека е зачнат од афера за време на една од турнеите на пејачот.
Иако судот првично поверува во неговите тврдења, Хулио тоа го негираше и поднесе жалба. Конечно, во април минатата година врховниот суд го отфрли барањето на Санчез и случајот беше затворен, со што беше поништено дека тој е син на Хулио.
Извор / Фото извор: Meta