Според листата на„Форбс”- Најбогатите спортисти за една година, заедно тежат милијарди
Вистински шампиони на терен, финансиски обезбедени за цел живот.
Светот на спортот има нов шампион во заработката. Тоа е Лионел Меси, ѕвездата на „Барселона” и по многумина најдобриот фудбалер на сите времиња. Неговото богатство се зголеми за неверојатни 127 милиони долари во последните дванаесет месеци. На престолот на најплатените спортисти на планетата, Меси го замени боксерот Флојд Мејведер, кој дури и не е наведен на списокот на 100-те најплатени спортисти на магазинот „Форбс” за оваа година.
Зад петици на Меси е никој друг освен неговиот најголем ривал, Кристијано Роналдо. Ѕвездата на „Јувентус” има заработка од 109 милиони долари минатата година. Трет на листата на најплатени спортисти е уште еден фудбалер, Нејмар, кој заработи 105 милиони долари.
Роџер Федерер е на петтото место со заработка од 93,4 милиони американски долари, пред се благодарение на неговиот договор со брендот „Уникло“, додека кошаркарите во НБА лигата, Леброн, Стеф Кари и Кевин Дурент се рангирани до десеттото место.
Новак Ѓоковиќ е на 17-то место со заработка од 50,6 милиони долари.
Интересно е што има само една жена на списокот. Се разбира, тоа е познатата тенисерка Серена Вилијамс која се наоѓа на шеесет и третото место со 10 милиони долари.