Спортски или други парфеми: Која разлика е клучна за да направите добар избор?
Спортските мириси се поблага варијанта од постоечките мириси, осмислени да го искористат успехот на своите помалку спортски претходници.
Мислете за нив како да се диетална верзија од газиран безалкохолен пијалок – убави се, но не толку „калорични“ и слатки за да ви го дадат целосниот впечаток и вкус како вистинските верзии на газираните пијалоци.
Важно е да се напомене дека спортските мириси немаат никаква врска со спортските активности. Можеби називот спортски е вметнат за да помислите дека ќе ве претвори во некој вид на суперхерој, но јасно ви е дека нема да трчате побрзо, нема посилно да удирате или помалку/повеќе да се испотите, само поради фактот што сте нанесле од парфемот.
Се разбира, не се сите спортски парфеми исти, па така постојат неколку од оние кои се доста добар пример за спортски мирисни ноти во стилот, како Chanel Allure Homme Sport и Dior Homme.
Генерално кажано, за купување на спортска верзија од парфемот, може да размислувате само доколку не можете да ја издржите оргиналната, полноправна верзија на истиот парфем.