SPRINGFIELD СО НЕКОЛКУ ЕКО ОДРЖЛИВИ АКЦИИ

ПОКАЖУВА ГРИЖА КОН ПРИРОДАТА

Брендот Springfield  од сезона во сезона сè повеќе докажува дека е бренд кој активно се инволвира во грижа за природата. Со својата најнова иницијатива #BosqueSpringfield (Шума Springfield) компанијата директно ќе помогне во пошумување како мерка за борба против климатските промени.

За реализација на оваа активност ќе се користи иновативен систем за садење со дронови кои имаат напреден софтвер за навигација со што се намалува емисијата на CO2. Пошумувањето ќе се изведе во областа Бургос, на северниот дел од Шпанија каде има предели кои се од огромно еколошко значење и на кои во моментов им треба помош.

Во оваа иницијатива може да се вклучи секој, на многу едноставен начин  - Springfield се обврзува да посади дрво секој пат кога на Instagram stories некој корисник ќе се сподели пост за Шумата Springfield (на профилот @springfieldmw) со специјалнито хаштаг #BosqueSpringfield.

“Никој не може сам да направи сè, но сите заедно можеме да направиме нешто”, велат од Springfield.

Уште една инцијатива на брендот која трае веќе неколку сезони, а е активна и оваа е специјалната колекција R[ECO]NSIDER, направена од парчиња со одржливи карактеристики, кои ја претставуваат силната посветеност на Springfield кон зачувување на природата.

Од лансирањето на првата R[ECO]NSIDER колекција за есен/зима 2018 па досега, произведени се повеќе од 8 милиони парчиња од машката и женската колекција. За пролет/лето 2020, дури 15% од целосната колекција на брендот се направени од еко материјали. Тука спаѓаат органски памук и полиестер.

Програмата [H2-0] е базирана на користење на ласерска и озон технологија при изработка на деним производите со што се заштедува огромно количество на енергија и вода.

Она што е најново оваа сезона е употребата  на LenzingTM EcoVeroTM технологија за преработка на вискоза од обновливи ресурси.

Во однос на моделите, машката колекција изобилува со бои и спортски детали и маици со принтови каде новото лого не брендот е главен протагонист. Во женската колекција фокусот е на лелеави блузи и фустани, но застапени се и модели направени одтексас, со цветни пораби и елементи во повеќе бои.

Моделите на Springfield погледенете ги во продавниците во Скопје Сити Мол, ТЦ Рамстор, ТЦ Сума Куманово и на www.fashiongroup.com.mk