Спроведуваме тестирања преку интерактивни квизови: Директорката на ООУ „Песталоци“ за онлајн наставата
Како и сите основни училишта во нашата држава, така и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје се вклучи во акцијата УЧИ ОД ДОМА. На оваа тема, како и за нивниот начин на работа зборувавме до директорката на училиштето, Катерина Атанасова, која подетално ни објасни на која платформа работат нивните ученици.
„Со оглед на тековната ситуација и прекинот на воспитно - образовниот процес во училиштата, наставниците изнаоѓаат начини за неформално образование и онлајн едукација на учениците преку следење на наставните програми и планови во овој период. Дигиталните платформи кои ќе ги користат ученици во соработка со наставниот кадар од училишта на Општина Центар се официјалните веб страници, електронската пошта, платформата за активно учење Edmodo,Google classroom,Viber, Facebook и Skype комуникација за настава од далечина.Најкористениот начин за онлајн учење во нашето училиште е платформата edmodo.com. Наставниците имаат креирано група во која сите добиваат техничка поддршка, а за учениците отворени училници по одделенија и предмети. На сите ученици им се задаваат задолженија, активности, материјали за работа и се спроведуваат тестирања преку интерактивни квизови.“
Платформата која ја користат тие, овозможува евиденција на тоа колку учениците се вклучени во онлајн училниците.
Целиот текст прочитајте го на Хаштаг.
И. Мисајловска