Голема надеж: Спутник V покажа добри резултати против мутациите на корона вирусот
- Неодамнешното истражување спроведено од Центарот Гамалеја во Русија покажа дека ревакцинацијата со вакцината Спутник В дејствува многу добро против нови мутации во коронавирусот, вклучително и соеви на коронавирус од Велика Британија и Јужна Африка - изјавил за Ројтерс Денис Логунов, заменик директор на рускиот Национален центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, кој го разви Спутник V.ов, пренесуваат светските агенции.
Руската вакцина Спутник V против КОВИД-19 покажува добри резултати против новите мутации на вирусот корона.
Според руските истражувачи, „се верува дека вакцините базирани на вектори се всушност подобри за идните ревакцинации отколку вакцините засновани на други платформи“.
Ројтерс објави дека резултатите од испитувањето се очекува да бидат објавени наскоро.
Логунов рекол дека прегледот покажал оти ревакцинацијата не влијае на ефективноста на вакцината. Според научникот, „специфични векторски антитела што ги користи Спутник - кои можат да генерираат анти-векторска реакција и да ја поткопаат работата на самата вакцина - ослабнале веќе 56 дена по вакцинацијата“, соопшти агенцијата.