Срамота! Ги навреди девојките кои ги силувал Мика Алексиќ: Те силувале на 17 години и си ќутела...

Глупоста нема граници!!!

Хирургот и клинички асистент Игор Игњатовиќ срамно ги навредуваше жртвите на обвинетиот српски педофил, актерот Мика Алексиќ на социјалните мрежи, а сега тој се обиде да се извини велејќи дека „го изгубил мозокот“ и имал „жолта минута“.

-Ихххх… па, јбт, „силувана“, на 17 години? Ма оди во три п***и материни, во бестрага ако те силувале на 17 години и си ќутела затоа што се плашиш од јавна осуда ?????? Не си им кажала на родителите ?? Па, какви родители се тие ??? Можеби и татко ти те има наведувано?? Па можеби и затоа си молчела до сега? Да продолжиме понатаму? Ајде! И ако доброволно си имала секс на 17 (И ТАКА Е 100%) тогаш си само уште едена мала дроља, напиша тој а објавувањето на Иганјатовиќ на Фејсбук е секако скандалозно.

После тоа, тој потврди дека ја напишал објавата. Отпрвин низ саркастична смеа вели: „Не ми треба тоа како реклама“

Подоцна се обиде да се оправда:

-Општо земено, јас честопати размислувам поинаку. Не баш како што напишав. Не знам што ми се случи. За мене би било посоодветно по 20 години добро искуство со пациенти и студенти, да заборавите на напишаното. Знам уште многу интересни работи за кои може да се пишува, не за тоа. Јас навистина не би се справувал со тоа повеќе. Оставете ја таа приказна на мира. Тоа би ми значело многу, вели лекарот и клинички асистент.

Лекарот продолжи да го оправдува својот срамен потег:

- Кога го погледнав тоа, не можев да верувам дека воопшто напишав такви зборови. Бев шокиран. Јас навистина не знам како се случи да напишам такво нешто. Сите имаме некои работи во животот кога не се вистински кажани и кога сè ќе се собере заедно, тогаш доаѓа жолтата минута... и јас го напишав тоа “, напиша докторот.

(Глас на јавноста)