Срце ќе ве стрефи: Напуштените суперавтомобили во Дубаи

Едноставно е неверојатно дека овие суперавтомобили останаа да пропаѓаат ...

Дубаи стана еден од најбогатите градови во последните неколку години и дефинитивно е една од најпосетуваните дестинации.

Голем број луксузни автомобили не е чуден феномен во град како овој, но напуштените автомобили вредни неколку милиони долари навистина не можат да се видат на кое било друго место.

Голем број на бизнисмени банкротираа поради финансиската криза, па овие автомобили мораа да останат на улиците. 

Бидејќи Обединетите Арапски Емирати нема точно утврден закон за исплата на долговите кога станува збор за овие автомобили, голем број беа напуштени со клучевите во бравата. 

Одличен пример за ова е Енцо Ферари кој беше пронајден со клучевите на паркингот на аеродромот во Дубаи.

Популарна Јутуберка, русокосата Super Car blonde ги посети овие скапоцени гробишта за автомобили и ни покажа како изгледаат во 2020 година.