Средството за дезинфекција е најкористен производ: Може ли да биде штетно и има ли рок на траење?
Средството за дезинфекција e поефикасно од миењето на рацете со вода и сапун, иако постојат и микроби кои се отпорни...
Средството за дезинфекција е делотворно и многу практично доколку немате пристап до вода и сапун, а морате да ги измиете рацете.
Според одредбите на Управата за храна и лекови на Соединетите држави од 2019, средствата за дезинфекција се оние кои како активна состојка содржат етил алкохол, изопропил алкохол или бензалкониум хлолид.
Останатите состојки не се покажуваат како делотворни при убивањето на микробите или за тоа нема доволно докази, пренесува Live Science.
Како делува средството за дезинфекција на рацете?
Клучната состојка во големиот број вакви производи е алкохолот. Во хемиска смисла, алкохолот претставува органски молекули составени од јаглерод, кислород и водород. Етанолот е хемикалија која се наоѓа во алкохолните пијалоци. Обично на неа помислуваме кога зборуваме за алкохолот. Пропранолот и изопропранолот (изопропил алкохол) се исто така алкохоли и често се користат за дезинфекција, бијдеќи се лесно растворливи во вода, како и етанолот.
Алкохолот ги уништува агенсите кои предизвикуваат болести. Растворите со 30% алкохол се во состојба да ги убијат патогените. Кога во нив има над 60% алкохол, ефикасно се убиваат широк спектар на бактерии и вируси. Како и да е, најефикасното решение е од 90 до 95% од содржината да е алкохол.
Уште една од предностите на алкохолот е тоа што бактериите не може да му се прилагодат и стануваат отпорни. Според едно истражување направено во 2014 година, зголемената концентрација на етанол поефикасно елиминирала три различни видови на бактерии кои предизвикуваат болести, отколку што тоа го прави миењето на рацете со вода и сапун.
Може ли алкохолот да не делува?
Алкохолот не делува на поедични микроби. Помеѓу нив е норовирусот, кој може да предизвика дијареа, која е опасна по животот, како и паразитот Cryptosporidium, кој предизвикува еден облик на цревна инфекција.
Средставата за дезинфекција, исто така не ги отстрануваат штетните хемикалии како што пестицидите или тешките метали. Исто така, не делуваат на премногу валкани или мрсни раце, па поради тоа примената на сапун и вода секако е од корист.
Според сознанијата на Центарот за превенција и контрола на болести во САД, средствата кои не содржат алкохол не може да елиминираат голем број микроби, туку само може да го забават нивното размножување. Нивна препорака е средството за дезинфекција на раце би требало да содржи најмалку 60% алкохол, заради максимална ефикасност.
Имаат ли средствата за дезинфекција рок на траење?
Немаат рок на траење, а доколку тој е наведен на амбалажата, тогаш тој датум означува до кога состојките ќе бидат содржани во количината, а се наведени на етикетата.
Најчесто не е познато дали датумот на амбалажата е одреден произволно или до него се доаѓа со тестирање. Иако произведувачите би требало да го тестираат производот во тој поглед, некои од нив не го прават тоа.
За да осигура долготрајноста на алкохолот, неопходно е да се чува амбалажата затворена на собна температура. Важно е да се напомене дека лесно испарува поради ниската точка на вриење. Со текот на времето, како се отвора и затвора, алкохолот може да испари, што доведува до послабо делување во средството за дезинфекција. Доколку го чувате садот затворен, на собна температура, производот би требало да биде поделотворен.
Може ли ваквите средства да бидат штетни и отровни?
Алкохолот се смета за безбеден за користење во вид на антисептик и воглавно не е отровен за кожата. Постојаната употреба може да доведе до сушење или благи иритации. Неколку истражувања покажуваат дека честата примена на средствата за дезинфекција предизвикува мали иритации од постојано миење со сапам, со што оштетената кожа секако е подложна на иритации од алкохолот.