Живот // Живот
Српската водителката која беше пронајдена мртва во својот дом, последната објава ѝ ја посветила на својата најмила личност: Зборовите болат
Поранешната водителка на култната емисија „Град“ Бојана Јанковиќ, со моминско презиме Николиќ, вчеравечер околу 19 часот е пронајдена мртва во својот стан, нејзиното тело е испратено на обдукција.
Бојана на почетокот на минатата година по 15 години брак се разведе од музичарот Огњен Јанковиќ, член на групата „Белградски синдикат“.
Последната објава на поранешната водителка на Телевизија Пинк беше пред два месеци, на 22 февруари, кога се обратила на својата ќерка.
- Среќен ти роденден, прво дете на мама. 15 години најголема среќа – напишала водителката на фотографијата.
Инаку, Бојана беше во брак со пејачот на групата од „Белградски синдикат“ и имаше сестра близначка Ивана, која исто така беше водителка.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs