Српскиот Чак Норис стана медицински феномен: Преживеал удар на гром
Во секојдневниот говор често можеме да слушнеме дека кога нешто е навистина тешко да се постигне, велат побрзо ќе ве удри гром отколку дека тоа ќе го реализирате.
Сепак, треба да се биде внимателен со оваа изрека бидејќи не е толку ретко гром да удри човек. Пример дека и ова може да се случи и да преживее е Младен Томовиќ од сувоборското село Коштуниќи, кого лекарите го нарекоа медицински феномен. Тој е еден од ретките луѓе во Србија кој може да се пофали дека го преживеал директното влијание на оваа небесна сила без никакви последици.
„Отидов да го одврзам коњот, слушнав силна експлозија и повеќе не се сеќавам. Знам дека се разбудив на земја и врнеше. Подоцна ми рекоа дека ме удрил гром и сите се собраа околу мене, како да сум некое светско чудо. Не ме закопаа жив затоа што земјата веќе извлекла од мене што можела. Подоцна ме однесоа во болница каде ми рекоа дека сум вистински феномен, кога сум преживеал толку силен удар. Тогаш сфатив дека нема смрт без судниот ден“, раскажал Младен за „Рина“.
Неговиот коњ Кокан имал помалку среќа и умрел, а овој издржлив Сувоборц, кој го преживеал она што не може ниту трипати посилните животни, оттогаш од соседите и пријателите го добил прекарот „Човек гром“. Младен можеше да ја изгуби главата тој август 1979 година, а неговата сопруга Љиљана да остане млада вдовица.
„Тој ден врнеше како никогаш досега, со часови траеше силното невреме пропратено со бурен ветер и грмежи. Кога удри гром во непосредна близина, целата куќа се стресе. Младен не се врати повеќе од половина час и кога отидов да го барам видов како лежи на земја, за среќа се помина без поголеми последици и никогаш немал здравствени проблеми“, вели Љиљана.
Младен сега слави два родендени, едниот кога дошол на свет, а другиот кога го преживеал она што ретко на кој му успеало. Како што вели, по драг роденден му е оној во август и тогаш на неговата фарма секогаш се врти прасе или јагне, а тој со неизбежната хармоника го слави повторното раѓање.
Климатолозите советуваат штом ќе слушнете грмотевици, оддалечете се од отворен простор, подалеку од високи предмети или дрвја или барем застанете на прстите додека сте на улица, бидејќи секое одвојување од земјата може да ве спаси од потенцијален удар на гром.
Фото: B92.net
Извор: B92.net