Српскиот министер за здравство: Нема ниту еден доказ дека вакцините можат да влијаат на стерилитет
Фото: Youtube/RTS Sajt - Zvanični kanal
Србија го надмина процентот од над 65 проценти вакцинирани здравствени работници, изјави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар за РТС, и посочи дека 20 отсто од здравствените работници се имунизирани во последната недела.
Тој изјави дека коронавирусот е нешто што се менува од ден на ден и смета дека почетокот на разговорите за задолжителна вакцинација - дал резултати.
Тој напомена дека во Србија во моментов има доволно вакцини, но и дека има доволно интерес за вакцинирање, и дека според најновите истражувања, нема потреба од воведување на задолжителна вакцинација.
„Имавме доволно вакцинирани лекари, но имаше проблем со медицинските сестри и имаше сомнежи во врска со бременоста, планирањето на семејството и слично, но ние се организиравме, направивме трибини, разговаравме со нив и тој број се зголемува и се зголемува секој ден, така што во овој момент не треба да воведуваме задолжителна вакцинација“, рече Лончар за време на гостувањето во емисијата Прашалник на РТС.
Повеќе по темата прочитајте на фактор.мк