Српските монструми и Беливук во тајна соба со алат и киселина мачеле жртви: Ги бојадисале ѕидовите за да ја скријат ДНК
Веља Невоља и бруталните убијци толку добро ја камуфлираа просторијата за тортура во вилата, што полицијата ја најде дури откако зборуваше заштитен сведок. Тие го пробија лажниот ѕид и пронајдоа арсенал оружје и бизарни алатки.
Во тајна просторија на една куќа во белградското предградие Ритопек, каде што членовите на озлогласениот клан Вељко Беливук наречен Веља Невоља мачеле и убивале жртви на најмонструозни начини, полицијата открила бројни предмети на злосторства, вклучувајќи индустриска мелница за месо, алат и плакар полн со спакувано оружје, отстранувачи на траги, гумени чизми и облеката што ја носеа, пренесува Блиц.
Оваа соба ја најдоа само кога еден од членовите на кланот стана заштитен сведок ѝ и откри на полицијата каде е тајната соба и што има во неа. Полицијата влегла во собата откако искршиле лажен ѕид во гаражата.
Според она што може да се види на снимката, покрај арсеналот на оружје што го нашле во куќата, во тајната просторија имало и црн куфер во кој снајпер бил завиткан во целофан.
Во ТВ-емисија што прикажува снимки, српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека снајперот имал за цел да изврши атентат врз политичари, без да исклучи дека требало да биде мета тој самиот.
Откриле хируршки маски, ракавици, сунѓери, ролни од целофан, киселина и бројни средства за хигиена на подот и плакарот во просторијата , обидувајќи се да отстранат траги од крвта на жртвите. Имаа гумени чизми, па дури и гумени панталони и пластични експлозиви во вреќи на масата.- Тие дури ги обоиле и тие простории, мислејќи дека така ќе ја сокријат ДНК - објасни Вучиќ. ДНК анализата покажа дека најмалку четири жртви биле убиени во таа просторија. После брутална тортура, тие би биле распарчени. Полицијата верува дека остатоците најпрво биле фрлени во реката, а подоцна, по наредба на наркобосот Радоје Звицер, тие дури направиле ќебапи од човечко месо и му ги испратиле како доказ за ликвидација.
Да потсетиме, Веља Невоља, еден од водачите на навивачите на Партизан и убиец на мафијата, беше уапсен во февруари во голема полициска акција. После тоа, започнаа да се појавуваат детали за неговите злосторства, а докази за убиствата беа пронајдени на повеќе локации во Белград и Србија, вклучително и на самиот стадион Партизан.
Извор/Фото: 24сача.хр