Стана светска ѕвезда на 10 години, заврши болен од шизофренија: Сите го обожаваа тој филм, а нему му го уништи животот
Фото: Youtube / Entertainment Tonight
Момчето Џејк Лојд се прослави со филмот „Војна на ѕвездите“, но тешко се разболе...
Џејк Лојд почнал да глуми кога имал само седум години и многу брзо публиката го засакала. Само неколку филмови и неколку епизоди во ТВ серии покажаа дека го чека светла иднина.
Меѓутоа, кога Џорџ Лукас го избра за филмот „Војна на ѕвездите“, неговиот живот ќе се претвори во пекол.
Познатата серија на Лукас ја освои публиката ширум светот и Џејк веќе не можеше ниту да сонува за нормално детство. Момчето актер, секако, и по овој филм мораше да оди на училиште, а врсниците не престанаа да го мачат.
Лојд одигра впечатлива улога како младиот Анакин Скајвокер и, по филмот, тој никогаш не можеше да се ослободи од асоцијациите поврзани со овој лик.
„Зажалив што некогаш станав актер“, изјави Лојд во едно интервју. „Целото мое школување се претвори во пекол. Правев по 60 интервјуа дневно. А децата беа навистина лоши кон мене. Кога и да ме видоа, сите го имитираа звукот на светлосната сабја. Беше навистина лудо“.
Џејк вели дека почувствувал дека омразата расте во него кога некој ќе ја насочи камерата во негова насока. Папараците го бркаа каде и да одеше. Детето не можеше да се справи со последиците од неговиот филмски успех.
Тој се согласи да му го позајми гласот на ликот на Анакин Скајвокер во неколку видео игри, а потоа засекогаш се откажа од глумата. Кога наполнил 19 години, почнале да се појавуваат симптоми на шизофренија. Мајката вели дека ги уништил сите сувенири од снимањето на „Војна на ѕвездите“, сѐ што го потсетувало на овој филм.
Малото момче стана проблематичен млад човек, кој излезе од контрола. Во 2015-та година бил уапсен откако физички ја нападнал мајка си. Таа не сакаше да подигне обвинение против него, беше свесна што се случува со него.
„Џејк не е насилна личност“, рече таа тогаш. „Семејството направи план и ние ќе му помогнеме. Три месеци подоцна, младиот Лојд повторно заврши во затвор, овој пат поради возење без дозвола, отпор при апсењето и бегство од полицијата.
Тој помина десет месеци во затвор, а потоа беше испратен во психијатриска установа, каде му беше дијагностицирана шизофренија. Се лекувал неколку години, а потоа - според мајка му - бил префрлен во друга институција, за да биде поблиску до семејството. Покрај тоа што има параноична шизофренија, Лојд има и аносогнозија - тој не е свесен за своето нарушување.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs