Станала, покажала со прстот кон свештеникот и пред сите рекла: „Имав 16 години кога ми ја зеде невиноста на подот, злоставувана сум со години“

Жена од Индијана (43), по речиси 30 години, станала во црква и обвинила оженет свештеник дека ѝ ја одзел невиноста кога имала само 16 години во неговата канцеларија на подот. Во таа прилика свештеникот (65) се откажал од христијанската црква и признал дека извршил прељуба.

Боби Гефарт изјави дека имала 16 години кога свештеникот и ја „зел невиноста во својата канцеларија“, додека тој тогаш имал дури 38 години. Жената додала дека со години живеела во срам за да го заштити.

„Живеев во затвор 27 години... Во затвор на лаги и срам. Лажев за да го заштитам семејството на Лу. Со години мислев дека сум ужасна личност, имав самоубиствени мисли и не разбирав што навистина ми е направено. Сè уште бев во тој психички затвор се додека брат ми не ми призна пред две недели дека ме видел кога бил тинејџер и дека тоа го мачи сите овие години - ме виде во кревет со нашиот свештеник“, раскажала жената.

Таа потоа се свртела кон Лу и додала: 

„Имав само 16 години кога ми ја зема мојата невиност на подот од вашата канцеларија. Се сеќавате ли на тоа? Знаете дека го направивте. На моето тинејџерско тело му правевте работи кои никогаш не треба да се прават. Не можете да ја признаете вистината, треба да одговарате пред Бога. Вие не сте жртва овде“.

По оваа сцена, кога дотичниот со микрофон во рацете излезе пред насобраните во нивната црква во Индијана и призна дека сексуално ја злоставувал како тинејџерка, ја напуштил христијанската црква. По тој повод, свештеникот Лу II на црквата и рекол дека „згрешил“ пред речиси 30 години со тоа што извршил прељуба.

Тогаш нејзиниот сопруг Нејт додал дека тоа е лага и дека тоа не е само прељуба, бидејќи „тоа нешто“ меѓу нив траело девет години.

Бидејќи законската возраст за согласност за врска во Индијана е 16 години, кога започнала наводната злоупотреба, Лу најверојатно нема да се соочи со кривична пријава поради врската.

Тој ја напуштил црквата и е избришан од нејзината веб-страница.

Во соопштението на црквата се вели: „Оваа долго чувана тајна првпат излезе на виделина кога една жена во црквата излезе и откри сè“.

Свештеникот ја молел црквата за прошка, а потоа добил овации, пренесува „Дејли мејл“.


Извор: жена.блиц.рс

Foto: Facebook