Стипендии до 100% за идните студенти на ИБУ

Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) воведува нова Програма за стипендирање на идните студенти за учебната 2020/2021 година која се базира на успехот остварен во средното образование. Според новата програма, средношколците со добар успех можат да добијат стипендија од 50 до 100% за секој семестар, а со тоа и можност да студираат на еден од најдобрите универзитети во земјава на кој наставата се одвива целосно на англиски јазик и кој, според Шангајската листа, е прогласен за најдобар универзитет во областа на наставата и учењето. Аплицирањето за стипендии почнува денеска и ќе трае до 25 септември, односно до пополнување на предвидените квоти.

„Како општествено одговорна високообразовна институција, ние остануваме целосно посветени на поддршка на образованието и науката во Република Северна Македонија и Балканскиот регион преку обезбедување стипендии до 100% за најталентираните и најуспешните матуранти. Во изминатите 14 години од основањето, повеќе од 1200 студенти ја имаат искористено нашата Програма за стипендии и денес веќе се високо квалификувани професионалци. Тие се вистинските амбасадори на Меѓународниот Балкански Универзитет и на нашиот модерен, квалитативен, студентски фокусиран и кариерно ориентиран образовен систем“, вели Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.

Новата програма предвидува целосна стипендија од 100% за оние матуранти кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда издадена од директорството на средното училиште и тие студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина. 80% стипендија ќе важи за оние со среден успех 5.00 и за нив трошоците по семестар ќе изнесуваат 200 евра. За учениците со успех од 4.50 до 4.99 е предвидена стипендија од 70%, односно семестарот ќе ги чини 300 евра, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 60%, односно школарината по семестар е 400 евра. Стипендија во висина од 50% и плаќање школарина од 500 евра по семестар можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99.

Меѓународниот балкански универзитет е меѓународно признат универзитет на кој студираат млади од 15-тина земји, со кампус од светски ранг во Скопје. На студентите им се нуди и динамична примена на програмата Еразмус+ и целосна стипендија за студентска мобилност во еден од 200-те универзитети во 40-тина земји од светот со кој МБУ соработува, а современите студиски програми овозможуваат започнување кариера веднаш по дипломирањето,

Идните студенти можат да аплицираат за стипендии за седум факултети со 18 програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерското инженерство, архитектурата, психологијата, графичкиот дизајн, банкарство и финансии, односи со јавност и маркетинг комуникации, итн.

Новата програма за стипендии на МБУ 2020/2021 важи за идни студенти од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Добиената стипендија важи и за Подготвителната програма по англиски јазик за кандидати кои немаат потребно ниво на владеење на англискиот јазик.

Сите кои ги исполнуваат условите и сакаат да студираат на престижниот универзитет можат да аплицираат онлајн на www. ibu.edu.mk.

Во првиот уписен рок, периодот на аплицирање е од денес до 26 јуни, за вториот уписен рок од 13јули до 21 август, а за третиот уписен рок од 31 август до 25 септември.