Страшен масакр во центарот на Прага, над 15 мртви: Откриено кој е убиецот
Во пукањето на универзитет во центарот на Прага, загинаа повеќе од 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се повредени, од кои некои потешко, соопшти прашката служба за итни случаи, а пренесуваат светските агенции.
Бројот на загинати постојано се зголемува, според последните информации од полицијата, досега загинале најмалку 15 лица
Убиецот е идентификуван како 24-годишен студент. Убиецот е мртов
Објавен е деталниот тек на крвавиот поход во Прага. Полицијата ги истражува морничавите пораки
Чешкиот портал Блеск го објави текот на масакрот во центарот на Прага, во кој масовниот убиец Дејвид К. со пушка со оптички нишан уби најмалку 14 лица, а рани најмалку 25.
Чешката влада го прогласи 23 декември за Ден на жалост поради масакрот во центарот на Прага. Претседателот Петр Павел по вонредниот состанок на владата, на кој и самиот присуствуваше, изјави дека изразува „тага и беспомошен гнев“.
Апелирам до сите да не го злоупотребуваат овој трагичен настан“, додаде тој.
Според полициските информации, напаѓачот кога дошол на универзитетот донел куп оружје, изјавил ректорот.
„Според информациите што ги имам од полицијата, напаѓачот го донел оружјето со себе во поголема торба кога дошол на универзитетот“, изјави за Чешката телевизија ректорот на Карловиот универзитет Милена Краиличкова.
Маж го снимил напаѓачот во Прага: "Еј, тука сум, пукај овде! Дојди овде!"
Од видеото снимено во присуство на интервентната полиција се гледа дека напаѓачот во текот на пет минути пукал дури тринаесет пати.
Чешката полиција нешто по 15:00 часот извести дека интервенирала поради пукање на Филозофскиот факултет на Универзитетот Карл, на плоштадот Јан Палах. Полицијата тогаш извести дека напаѓачот е „елиминиран“.
Извор: www.index.hr