Страшно - пет лица и еден пожарникар се префрлени во болница: Пожарот близу Атина сè уште беснее


 Пет лица се пренесени во болница поради проблеми со дишењето, како и пожарникар кој со изгореници од втор степен на рацете и нозете е пренесен во медицинска установа. Според телевизијата ЕРТ, пожарникарот се здобил со изгореници при гаснење на пожар во општина Маратон.

Пожарот што избувна во неделата на североистокот на Атика, на 35 километри од Атина, пожарникарите го гаснат во текот на ноќта, а во гаснењето се вклучени околу 1.000 пожарникари, професионални и доброволни, локални жители, како и околу 35 авиони. пожарот, пишува порталот Товима.

Должината на огнениот фронт е 30 километри, а жителите на локалните населени места се предупредени да се подготват за евакуација, пишува Катимерини.

Гаснењето на пожарот го отежнува ветерот кој се очекува да зајакне во наредните часови.

Грчката полиција (ЕЛАС) апелираше до граѓаните да избегнуваат какво било движење кон подрачјата зафатени од пожарите и заради сопствена безбедност да се придржуваат до издадените упатства за евакуација на подрачјето.

Исто така, апелираше до граѓаните да се овозможи непречено движење на противпожарните возила. Освен населбата, поради пожарот евакуирани се и Детската болница и Воената болница во Пантели. Во пожарот учествувале пет хеликоптери, а евакуирани се и манастирот Свети Ефрем во регионот на Анадолија, како и манастирот Пентели.

Изгореа неколку резиденции во општина Дионис, а малку пред зори на жителите од населбата Неа Пантелија им беше наредено да се евакуираат.

Во Центарот за мобилни операции „ОЛИМПОС“, кој беше формиран во Капандрити, во текот на ноќта беше и регионалниот гувернер на Атика, Никос Хардалијас, кој истакна дека регионот на Атика останува во целосна готовност за заштита на граѓаните и оти од првиот момент кога избувна пожарот во Варнавас на терен беше механизмот на Цивилната заштита, со сиот нејзин персонал и ресурси кои помогнаа, каде и кога беше побарано, „веднаш и ефикасно“.

Пожарот, кој избувна околу 15 часот во неделата, брзо напредуваше кон езерото Маратон, важен резервоар што ја снабдува Атина со вода, изјави полковник Василис Ватракојани, портпарол на противпожарната служба.

Се уште не е познат бројот на оштетените куќи.

Ватракојанис рече дека ветровите достигнуваат ураганска сила во областа на пожарот, а пламените јазици биле високи повеќе од 25 метри. Небото над Атина се затемни со густ чад.

Се прават напори и за спасување на животните, за што се отворени прифатни центри во општините Маратон и Дионис.

Извор:indexonline.rs/Tanjug

Фото:youtube

Пожари беснеат и во Македонија. Дел се изгаснати, а пожарникарските екипи се уште се борат со огнената стихија во општина Новаци, Пехчево,и на Галичица.