Здравје // Совети
Студија откри: По прележан Ковид-19 секој трет пациент има тешки навролошки или психијатриски нарушувања
Студија спроведена на 23.000 испитаници, претежно во Соединетите Држави, открила дека на еден од тројца кои прележале Ковид-19 им е дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување шест месеци по лекувањето.
Ова упатува на заклучок дека како последица на пандемијата може да се очекува бран на невролошки и психијатриски пациенти, според стручното списание „Лансет Сајкајатрист“.
Од 14 психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести кои се јавуваат кај пациенти по прележаната болест, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот, пренесува Ројтерс.
Повеќе прочитајте на Фактор.мк