Супер напиток за мамурлак по бурна ноќ: Овие состојки сите ги имаат дома
Доколку покрај алкохолните пијалоци пиете засладени или овошни сокови, мамурлакот ќе биде уште поизразен. Исто така, алкохолот во крвта највисокото ниво го достигнува од 30 до 90 минути откако ќе го испиете, а хемиските состојки од алкохолот предизвикуваат силни вртоглавици, главоболки и мачнини, понеколку и несвестие.
„За да ги ублажите симптомите на мамурлак, напијте се млака вода или сок од лимон со малку мед. Овој пијалок ја одржува енергијата во телото, а на желудникот му делува благотворно“ - советува нутриционистката Сандра Мариќ Булат.
Овошјето содржи фруктоза, која помага за исфрлање на алкохолот и другите отрови од организмот. Па така соковите од јаболка или домати ќе го поттикнат чистењето и го забрзаат оздравувањето на телото. Со тоа и бројните хранливи работи од овошните сокови ќе му ја надокнадат на организмот изгубената енергија. За дополнително да го ојачате телото, за енергетски појадок изберете јајца.
Но, ризикот од мачнините се намалува и со дишење на свеж воздух, па по веселата ноќ секако е добро да се прошета во природа.
Овој напиток го лечи мамурлакот многу брзо
Станува збор за црна лимoнада која станува се популарен напиток за детоксикација на телото. Овој супер напиток ќе ве спаси од мамурлакот, кој денес ги мачи многу луѓе. Брзо ќе ви се врати енергијата, разбистри главата и смири желудникот. Црната лимoнада е многу едноставно да се направи.
Состојки:
1. сок од лимон
2. 1 литар вода
3. една мала лажица активен црн јаглен
4. две лажици јаворов сируп
Подготовка:
Сите состојки добро промешајте ги, па испијте ја лимoнадата. Инаку, активниот јаглед се дава на луѓето откако ќе се отроват со нешто. Тој има способност на себе да ги врзи отровите, открива порталот theedgyveg.com.