(ФОТО) Супериорни и автентични: Часовниците на Перо Антиќ, Горан Пандев и Љупчо Николовски

Тие имаат вкус за елеганција и класика. Знаат дека часовниците се полн погодок за дефинирање на софистициран машки стил

Ништо не може да уништи нечија беспрекорна репутација на стилот во светот на бизнисот, политиката, спортот како копија на часовник. Доколку се облекувате како господин или како некој чија физичка појава е постојано под будното око на луѓето, погрижете се вашиот часовник да биде вистински украс на вашиот рачен зглоб, одраз на вашиот стил и дел од вашиот престиж. 

Часовниците се одлика на класа и најчесто дефинираат статус. Тие не само што воодушевуваат со елеганција и беспрекорна изработка, туку се изработени од скапоцен материјал со уште по скапоцен механизам, кој е многу често дел од историја и традиција на еден бренд. Секако дека се скапи, но кој може да си ги дозволи ќе има на себе нешто кое може да го пренесе и на идните поколенија.

Еве на пример, часовникот  Greubel Forsey Tourbillon Perpetual Calendar QP a Equation изнесува 719.000 долари. Поврзан е со сателит за прецизно сметање на времето, има едноставена форма и е неприкосновен. 

Со слична цена се и „Алпина Харитаџ”, „Картие”, „Пијаџет Алтиплано”, „Шопард”, „Ролекс”… 

Сепак, има часовници кои и не се така „солени” со цената, имаат супер квалитет и можеме да си ги дозволиме. Кој како! Нудат беспрекорност и не се само мерило на времето, туку одличен моден сојузник. 

Кај нас имаме неколку познати личности кои обожуваат часовници. Не се раководат од цената нити од брендот,  немаат на рака милионски часовник, ама ги воодушевува  конструкцијата, механизмот и се разбира, дизајнот. Имаат по неколку. Ги носат во секакви пригоди и со нив навистина изгледаат стилски убаво. 

Нашиот најдобар кошаркар Пето Антиќ често ќе го видиме со различен часовник. Има и спортски и елегантни. Внимателно се избрани и му стојат совршено. Ги комбинира со класична или елегантна облека и не греши во изборот на целокупниот изглед.

Фудбалерот број еден, Горан Пандев исто така е љубител на часовници. Скоро во секоја пригода му се неизоставен дел, освен кога е на терен. Масивни или минималистички, ги има во разни димензии и дезени. 

Часовниците на Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ му стојат беспрекорно, посебно кога е во костум. Изобилуваат со смирени линии и префинетост, претежно во златна или сребрена боја. Никогаш не погрешил во изборот и максимално води сметка часовникот да е дискретен.

Вакви и слични часовници има и кај нас. Варираат со цените, но секој со својот вкус и џеб. Познатиот бренд за часовници “Божиновски” е супериорен во квалитетот. Има огромен избор и нуди нешто што може да остане во трајно наследство.  Неколкуте светски реномирани брендови кои ги застапува воодушевуваат со целокупниот изглед.

Цена: 295.500 денари

Цена: 298.600 денари

Цена: 30.500 денари

Небојша Толески