Сурови критики на социјалните мрежи кон Лепа Брена: Изгледаш како СТРАШИЛО!
Фото: Инстаграм- официјален профил Лепа Брена
Југословенската
Дива доби многу лоши критики на социјалните мрежи од следбеници и обожаватели.
Имено, пејачката кога се појави на снимањето на музичко шоу на РТС, во преден
план беше нејзиното лошо нашминкано лице, полно со неправилности, па
корисниците на социјалните мрежи коментираа дека изгледа како „страшило“.
Популарната пејачка пристигна во луксузен автомобил, стокмена од глава до пети, во долг црн фустан, со уредна фризура. Сепак, кога дала изјава во бекстејџот, многумина биле шокирани. На светлината можеа да се забележат сите несовршености на нејзиното лице..
Фото: ATA IMAGESФотографиите од тоа снимање почнаа да се шират на социјалните мрежи, а многумина беа разочарани од нејзиниот изглед. Сите фотографии од лошо нашминканото лице на Брена погледнете ги ОВДЕ.
Сосема е логично жена во тие години да има многу несовршености на кожата, брчките да се видливи, но сето тоа може да се поправи со добра сценска шминка. Имено, без разлика дали сама се шминкала или некој и помогнал во тоа, забележливо е дека пудрата што ја избрала е многу лоша и не одговара на нејзиниот сув тип на кожа, поради што Брена изгледа многу постаро и истрошено.
Освен на Инстаграм, и Брена доби најмногу негативни критики на Твитер. Луѓето беа згрозени од нејзиниот изглед, па еден твитерџија го искажа своето мислење.
- Лепа Брена ми изгледаше како страшило во синоќешната емисија на РТС. Шминката е ужасна, изгледа суво, се гледа секоја точка ... тенот воопшто не е уреден. Жено, инвестирај во добар козметичар и третмани за нега, не само во ботокс - е коментарот на еден корисник кој доби поддршка од други корисници.