Свадба со 5.000 гости која траеше 10 дена : Убавицата од Балканот се омажи за најзгодниот принц, а свадбата беше како од бајка

Принцот Абдул Матин од Брунеи, кој важеше за најбараниот ерген во Азија, се ожени со девојка која нема кралско потекло.

Абдул Матин (32), брунејски принц, на социјалните мрежи е познат како „згодниот принц“ поради неговиот добар изглед. Важеше за најпосакуваниот ерген во Азија, а сега се ожени со девојка (29) која нема кралско потекло.

Таа има корени од Хрватска, а принцот откри дека се верил со младата Мулија Аниша Роснах во декември, разочарајќи и изненади многу обожаватели. Невестата е внука на советникот на брунејанскиот лидер, султанот Хасанал Болкиах, таа е сопственик на модна и туристичка компанија, а нејзиниот брат е долгогодишен пријател на принцот. Принцот Матин е десеттото дете на султанот, еден од најбогатите монарси во светот.

Врвот на свадбата беше во неделата, а прославата траеше 10 дена. Невестата прво носеше традиционална црвена венчаница со впечатлива тијара, а подоцна се пресоблече во бела венчаница со детали од тантела и дијаманти. Младоженецот бил облечен во воена униформа. Свадбата се одржа во раскошно уреден простор пред 5.000 истакнати гости, меѓу кои беа членови на кралските семејства на Саудиска Арабија и Јордан, потоа индонезискиот претседател и лидерот на Филипините.

Двојката го направи своето прво јавно појавување мавтајќи со илјадниците собрани од отворениот Ролс Ројс додека поворката се движеше низ главниот град Бандар Сери Бегаван.

Фото:Инстаграм
Извор:Najzena.alo.rs