Светски познатиот неврохирург: Ако не ги знаете овие 10 нешта, нема среќа и здрав живот
Правилата за среќен и здрав живот секако се балансирана исхрана и физичка активност, но тоа не е сè! Познатиот неврохирург Александар Влад Цирије вели дека без следните 10 артикли, тешко дека ќе ја постигнете оваа цел.
Кој ќе стане рано, сигурно ќе биде здрав
Разбудете се што е можно порано, ако можете со првите петли. Секако, 9 часот е крајната граница за будење, бидејќи во спротивно ќе се прозевате цел ден и ќе бидете уморни.
Свеж воздух гарантира здрав мозок
Многу повеќе време поминувајте на свеж воздух и почесто проветрувајте ги просториите во кои престојувате. Мозокот треба да добие доволно кислород!
Движењето значи живот
Паузата на работа искористете ја за пешачење, дури и за лесни вежби. Целото тело ќе ви биде благодарно, и ќе се чувствувате подобро!
Добриот ден започнува со утрински туш
Ќе се разбудите, освежите, ќе го подигнете расположението и ќе ја потиснете депресијата!
Појадокот е време за целосна релаксација
Првиот оброк треба да се јаде во тишина, без весници, телевизија, мобилен телефон. Фокусирајте се само на храната - и брзо ќе го поправите варењето.
Здравје во чаша
Пијте чај или кафе полека, никогаш не брзајте. Исто како и со појадокот, испијте една чаша од вашиот омилен топол напиток без одвлекување на вниманието од страна.
Смејте се
Колку почесто, толку подобро! Лесно можете да го измамите мозокот - насмевнете се како сигнал дека сè е во ред, дури и да не е така, а мозокот ќе го намали нивото на стресни хормони во телото!
Ручекот мора да биде лесен
Споделете дел од ручекот со пријател, како што вели старата поговорка. Подобро е да останете малку гладни отколку да се прејадете. Не принудувајте го вашето тело да прави непотребна работа!
Вечера дури и полесна од ручекот
Повторно ќе ја цитираме старата поговорка: „Дајте му ја вечера на непријателот“. Вечерните оброци треба да бидат што е можно полесни, затоа што не треба да јадете храна што тешко се вари, како што се месо и мрсна храна. Оставете го вашето тело да се одмори. Исто така, не треба да пиете алкохол навечер, бидејќи тоа ќе ви го уништи сонот.
Спиењето е свето
Во современото општество, повеќето луѓе спијат малку за да имаат што повеќе време за извршување на разни активности. Но, ова е сосема погрешен пристап, бидејќи спиењето е исто толку важно како и храната и воздухот. Мора да легнете најдоцна на полноќ, предупредува д-р Александар.
(Извор: Стил)