Светските лидери имаат двојници: Еве низ каква подготовка треба да поминат и каде се појават во јавност
Кога претседателот на Русија, Владимир Путин, неодамна се сретна со заменик-претседателот на Централната воена комисија од Кина, се појавија бројни шпекулации за неговиот изглед.
Имено, многу корисници на социјалните мрежи ги забележале неговите отечени образи и сосема поинакво - затегнато лице, поради што мислат дека овој пат во јавноста се појавил двојникот на претседателот на Русија.
Имено, веќе се шпекулираше дека Путин има двојник кој од безбедносни причини оди на гости и на одредени состаноци, а овој пат појавата на неговите образи уште повеќе ги подгреа сомнежите.
На оваа тема, но и на општиот кодекс на дипломатско однесување во јавноста коментираше невербалниот комуникатор Марко Буразор. Тој посочува дека верува оти светските лидери навистина имаат двојници, што никогаш нема јавно да се докаже и утврди.
„Светските лидери од безбедносни причини имаат двојници и тие служат главно за ПР стории на некои медиуми. Што се однесува до Путин, тој е познат како некој што не користи многу двојници и тоа се знае, бидејќи алфа-мажјакот во него не го дозволува тоа. Да речеме дека Трамп бил познат како некој што имал многу двојници, како и Меланија. Инаку, при изборот на двојникот, прво што треба да се погледне е конструкција, градбата, па потоа дикција, часови по глума... фризурата, облекувањето и други работи кои се подеднакво важни. Што се однесува до појавувањето во медиумите, тој човек никогаш не е во крупен кадар, за да не излезе вистината“, вели Буразор во емисијата „150 минути“ и посочува дека двојниците на светските лидери генерално се појавуваат на одредени места каде што демне одредена опасност, како што се боиштата.
Фото: Јутјуб/ ПринтскринИзвор: www.b92.net