СЗО: Европа е најзагрозена од коронавирусот во моментов

Ситуацијата со коронавирусот во светски рамки станува алармантна, посебно во Европа. Токму затоа, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се случило забрзување на ширењето на коронавирусот во Европа, каде минатата недела се регистрирани голем број новозаболени лица, што е речиси половина од вкупниот број на заразени лица во светот.

Забележана е и поголема смртност. И иако се зголеми и бројот на смртни случаи на американскиот континент, стапката на раст е само два отсто.

Во Европа, Италија, Франција, и Велика Британија пријавија најголем број нови случаи, додека Андора, Чешка и Белгија пријавија највисока стапка на инфекција по глава на жител.