Таа е фатална за машкиот род! Жената родена во овој хороскопски знак е бестрашна и роден лидер
Таа едвај чека да започне нов ден, само поради предизвиците со кои се соочува со задоволство
Станува збор за дами родени во знакот Овен
Таа е бестрашен и природен лидер, родена за да биде на чело, поради што е првиот знак на зодијакот - со својата енергија, харизма и динамика, таа е способна да ги поттикне останатите 11 знаци.
Секогаш во очекување на новите предизвици, типичниот Овен е ранобудник кој едвај чека да започне нов ден и да види што ќе донесе. Сепак, поради нејзината нетрпеливост, таа има тенденција да премине на нов предизвик пред да го заврши претходниот.
Таа е вечен и непоколеблив оптимист, а нејзиното поле на интерес често е борбата за правата на другите како и борбата за подобра иднина. Таа може да биде многу разиграна и е одличен авантурист кој секогаш гледа напред, а ретко кон минатото. Како и секој има мани, а најчести ѝ се егоизмот, преголемиот инает и љубомората.
Љубов
Таа е многу страсна во љубовта. Во љубовните игри сака да презема иницијатива и да биде тој што ќе ја заведе другата страна, а овие расправии и кавги сака да ги доживува како увертира за секс. Таа често е магнет за мажите бидејќи тие ја доживуваат како многу интензивна и интригантна, а освојувањето на жена Овен често е предизвик. Кога е заљубена, таа се чувствува најжива и сè во нејзиниот живот тогаш станува екстремно. Во врската не сака да се чувствува потчинето, но повременото прикажување на љубомора и посесивност и ласка бидејќи за Овенот тоа е знак дека нејзиниот партнер знае колку вреди.
Романтиката не и е неопходна, но вниманието на партнерот е. Таа е меѓу ретките жени кои можат да ги разделат љубовта и сексот. Понекогаш и е полесно да се изразува сексуално отколку емотивно и ќе сака работите да се одвиваат побавно кога е љубовта во прашање. Во сексот се отсликува нејзиниот авантуристички дух - обожава да пробува нови пози и нови места за секс.
Пријателство
Како и во љубовта, жената Овен може да биде како порој во пријателството - еден момент носи возбуда и хаос, а во следниот ја нема. Пријателствата со Овен често се многу интензивни, дури и кога не траат долго, но таа секогаш има пријатели за цел живот. Практикува да има широк круг на пријатели бидејќи постојано ги менува интересите и не секој може да го следи нејзиното темпо. Таа ги привлекува другите во своето друштво поради дозата на опасност и непредвидливост која жената родена во овој астролошки знак ја носи како втора кожа. Сепак, нејзините пријатели понекогаш тешко ја разбираат нејзината силна независност, а нејзините пријатели дури можат да и љубоморат поради оваа нејзина карактеристика. Кога излегува навечер, не и требаат орда пријатели, туку два-тројца блиски луѓе кои размислуваат како неа и се спремни лудо да се забавуваат.
Фото: freepik