Таа ги „раздели“ Џеј Ло и Афлек: Многу мажи сонуваат за Џенифер, а нејзината сестра ќе ви го одземе здивот

Џенифер Лопез и нејзината една година помлада сестра Линда беа снимени како одат заедно на шопинг

Латино дивата Џенифер Лопез последните неколку дена ги минува со Бен Афлек, од кого не се раздели откако решија да и дадат нова шанса на љубовта, а се чини дека со нив е и помалата сестра на дивата која барем накратко ги „раздели“.

Џенифер и нејзината една година помлада сестра Линда беа снимени како одат заедно на шопинг, а папараците, се разбира, не можеа да го избегнат тоа.

Џенифер носеше долг фустан под кој не носеше градник, па дополнително ги привлече погледите, а Линда беше облечена кежуал, во фармерки и црна маица. 

Линда живее и работи како новинар во Њујорк, а неодамна го прослави и својот 50-ти роденден, на кој се појави Џенифер со Бен и на кој за прв пат беа видени како разменуваат бакнежи во јавноста. 

Веста за нивното помирување во јавноста одекна како бомба бидејќи поминаа 17 години од нивниот развод, а многу брзо откако Џенифер ја раскина свршувачката со Алекс Родригез. Џенифер изјави дека никогаш не била посреќна покрај Афлек. 

- Пресреќна сум. Знам дека луѓето секогаш се прашуваат како сум, што се случува, дали сум добро ... Тоа е тоа. Никогаш не сум била подобро во животот. Сакам сите луѓе кои се грижат за мене, затоа што се грижам и јас за нив, да знаат дека навистина достигнав точка во животот каде што сум си доволна сама на себе - рече Лопез и додаде:

- И мислам дека штом стигнете на тоа место, тогаш ќе ви започнат да се случуваат неверојатни работи за кои никогаш не сте помислиле дека во вашиот живот може да се повторат. Ми се допаѓа целата љубов што ја примам во моментов и сите тие добри желби. Само сакам сите да знаат дека ова е најдобриот период во мојот живот. 

Во последно време, нивните деца, 13-годишните близнаци на Џенифер, Ема и Макс, 9-годишниот син на Бен, Самуел, 15-годишната ќерка Виолета и 12-годишната Серафина се почесто се дружат заедно. Џенифер има близнаци со поранешниот сопруг Марк Ентони, додека Бен има три деца со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.


Фото: Profimedia