„Тајната соба на Микеланџело“ исполнета со скици: Зошто славниот уметник се криел во овој тесен простор под капелата?

Во близина на базиликата Сан Лоренцо во Фиренца, има мала капела и скриена просторија во неа. Таа соба исполнета со спектакуларни скици ја искористил познатиот Микеланџело, а еве зошто.

Речиси педесет години откако беше откриена, „тајната соба“ под капелата Сан Лоренцо изградена од Микеланџело за Медичи во Фиренца беше отворена за јавноста за прв пат на 15 ноември. Собата може да ја видите со резервација, во група со уште три лица, со неделен број на посетители што не надминува 100 луѓе, за да се одржат оптималните услови за конзервација.

Во оваа мала соба, долга околу 10 метри, висока 2,5 метри и широка 3 метри, можете да се восхитувате на цртежите и скиците на лицата и телата во движење што ги направил Микеланџело во 1530 година, додека се обидувал да го избегне гневот на папата Климент VII, кој не му простил на уметникот што ги надгледувал градските утврдувања во времето кога Медичи бил протеран од Фиренца.


Повторно откривање

До 1955 година, „тајната соба“ на Микеланџело се користела како складиште за јаглен, а потоа била скриена под замокот додека не била повторно откриена во 1975 година од тогашниот директор на капелата Медичи, Паоло дал Погето. Всушност, тој побара од реставраторот Сабино Џованини да го расчисти тесниот коридор што се протега под апсидата на Новата базилика Сан Лоренцо, со цел да се изгради нов излез за музејот.

Но, како биле откриени скиците? - Па, како што често се случува, случајно. За време на реставраторските работи на оваа новооткриена област, експертите лоцирале фантастични скици скриени под два слоја гипс. И Дал Погето веднаш му го препиша авторството на повеќето од нив на Микеланџело врз основа на сведочењето на Аскани Кондиви, ученикот на Микеланџело и ренесансен биограф Џорџо Вазари.

Оттогаш, различни експерти ги проучувале скиците, и додека некои ја споделуваат теоријата дека тој ги насликал сите, други веруваат дека во реалноста, некои од нив биле направени од други уметници. Сепак, сегашната директорка на Барџело, Паола д'Агостино, смета дека на ѕидовите можат да се видат скици „нацртани од рацете на мајсторите и другите“.

Кураторот на капелата Медичи, Франческо де Лука, се согласува со д'Агостини: „Не сите цртежи ја покажуваат истата постојана квалитативна напнатост на графиката на Микеланџело. Но, дури и со тоа, ова место им овозможува на денешните посетители уникатно искуство да дојдат во директен контакт не само со творечкиот процес на големиот мајстор, но и со согледувањето на формирањето на митот за божествениот уметник“.

Фото: Profimedia

Извор: nationalgeographic.rs