Татко му служи на синот оброци што би ги посрамиле и најдобрите светски ресторани

И покрај тоа што повеќето американски ресторани се затворени како резултат на пандемијата  „Ковид-19“, едно бебе сепак добива услуга од пет ѕвезди од удобноста на својот столче. Среќното бебе го носи името Џона, а нејзиниот татко Џејсон Бут, е еден од најпознатите сомелиери во Калифорнија.


Двајцата се главните sвезди на профил на Инстаграм на кој Џејсон, секој ден облечен како келнерите во најскапите ресторани, му служи специјално подготвената храна на своето дете и тоа го документира во  видео.

Серијата се вика  L’Dad’s Chateau, а заедно со Џона, повремен гостин на ресторанот е семејното куче.

Иако видеата станаа вирални во рекордно време, гостите во ресторанот не се секогаш заинтересирани да јадат.

Овој татко за време на карантинот најде занимација за себе и за неговото семејство, а неговиот хумор и слаткото опкружување на овој ресторан веројатно ќе ве натера да се насмеете.